Познатата хрватска глумица Мира Фурлан почина во САД во 66 година од животот како последица на вирусот Западен Нил, од кој боледувала подолго време. Последните месеци од животот ги поминала во тешка состојба борејќи се со вирусот. Не и помогнаа ниту добрите услови во американските болници, болеста била посилна, пренесуваат хрватските медиуми.

„Киклоп“, „За среќа се потребни тројца“, „Хорватовиот избор“… се дел од филмовите во кои прекрасната Фурлан стекна култен статус во поранешна Југославија. Глумеше и во повеќе серии, а поновите генерации ја паметат по „Вило Мисто“, „Бабилон 5“ и светскиот хит „Изгубени“.

OhridNews