По долго и тешко боледување, вчеравечер во Скопје, почина познатиот актер и актуелен директор на Драмскиот театар, Бранко Ѓорчев.

Бранко Ѓорчев е роден 1962 година, а во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на оваа функција.

Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

OhridNews