Синоќа, по кратко боледување, на 66- годишна возраст почина еден од најпознатите македонски актери Владимир Дади Ангеловски.

Актерот Ангеловски зад себе остави голем број  улоги , почнувајќи од детските серии и драми, па се до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии.

Меѓу нив се  улогите во филмовите “ Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, ”Калигула” во режија на Миле Гроздановски, ”Рибарски караници”, серијата “Лото, лото”  во режија на Коле Ангеловски,во претставите “Мефисто”, и “ Дунек”,  сериите: “Агенција осамени срца”, “Училиште за кловнови”, “Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други.

Беше дел од актерската екипа која со години ја подготвуваше  радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, и Гоце Тодоровски во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење.

OhridNews