По тешко боледување на 67-годишна возраст вчера почина македонскиот актер Лазе Манасков.
Со длабоко жалење ве известуваме дека почина нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков. Изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест, соопшти Драмски театар.
Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“ и други.
OhridNews
Фото: МИА












