По кратко боледување во 75-та година од животот, во својот дом во Холандија почина познатиот актер Рутгер Хауер. Веста со јавноста ја сподели неговиот агент Стив Кенис.

Хауер стана планетарно познат по улогата во култниот филм „Блејд ранер“ од 1982 година, во кој толкуваше улога на негативец – непријател на главниот протагонист Харисон Форд.

Глумеше во бројни филмови и серии, а во 1988 година за улогата во филмот „Бегство од Собибор“ ја доби престижната награда „Златен глобус“.

OhridNews