Македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст, јавува „Макфакс“ . Истиот извор наведува дека актерот починал во несреќен случај, најверојатно од струен удар.

Смртта на Петрушески ја потврди Драмски театар.

Ванчо Петрушевски има остварено голем број театарски и филмски улоги, а глумел и учествувал и во телевизиски серии, тв и радио емисии. Добитник е на голем број награди.

OhridNews

Извор: Макфакс