Во 69-та година од животот, по долго боледување, денеска почина примариус Д-р Ѓоре Василев.

Д-р Василев, по завршување на специјализацијата на Медицинскиот факултет во Белград, извесен период работел во Белчишта, потоа во Медицинскиот центар во Охрид, а најголем дел од работниот век поминал во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ како специјалист по физикална медицина. Д-р Василев беше високо ценет како стручњак од своите колеги, а голема доверба уживаше и помеѓу граѓаните. После работењето во Коснозглобна Д-р Ѓоре Василев отвара своја приватна ординација, каде работи се до своето пензионирање. Им помагаше на граѓаните и по пензионирањето, а беше и активен член на лекарското здружение.

Посмртните останки на Д-р Ѓоре Василев, утре, 27 октомври, ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта од 12 до 14 часот.

OhridNews