По кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска. Таа во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции, а денеска ја изгуби битката со болеста. Годинава, поточно во мај, беше промовирана нејзината монографија.

Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

OhridNews
извор Макфакс