Кит Флинт, познатиот фронтмен на Продиџи, почина на 49-годишна возраст. Неговото тело утрово било пронајдено во неговиот дом. Полицијата влегла во неговиот дом откако претходно блиски пријавиле дека се загрижени за неговата состојба. Засега нема никакви индиции дека се работи за сомнителна смрт.

Кит Флинт заедно со својот бенд поставија основи на електронската музика во Европа во 90-тите, а со својот панкерски стил станаа едни од најпрепознатливите музички имиња на светската естрада.

OhridNews