Во 81-та година од животот, денеска, почина легендата на охридскиот и македонскиот фудбал Кирил Заров.

Кире Заро, како што беше познат во пошироката јавност, е роден 17 мај 1933 година. Во својата долгогодишна успешна фудбалска кариера тој го носеше дресот на Охрид, Пелистер – Битола и на Локомотива од Загреб. По завршување на играчката кариера Кире Заро заплива во тренерските води и ги водеше екипите на Охрид и Рудар од Пробиштип. Под негово водство ФК Охрид го направи најголемиот успех во историјата, кога во 1973 година по победата над Куманово го освои купот на Македонија, што му овозможи настап во 16-финалето од купот на СФРЈ. Во незаборавен и драматичен натпревар што се одигра на стадионот Грашница, Охрид загуби од Борац Бања Лука со 4:3, иако на полувреме водеше со 3:1.


Легендарниот состав на ФК Охрид 1972/73 предводен од Кире Заро

Кире Заро долги години беше активен спортски работник во некогашна СОФКА.

За својот придонес во фудбалот и спортот, тој вечерва требаше да ја прими наградата за животно дело од Сојузот на спортови на град Охрид, која ќе му биде доделена постхумно.

Посмртните останки на Кирил Заров ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид во забота, 8-ми февруари, од 13-14 часот.

OhridNews

Потсетување на најголемиот фудбалски натпревар одигран во Охрид