Денеска, на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по долга и тешка болест, почина еден од најголемите пејачи на народна музика на Балканот – Халид Бешлиќ.
Бешлиќ беше хоспитализиран на крајот од август со здравствени комликации, но и покрај сите напори лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.
Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 година во село Кнежина, општина Соколац, БиХ.
Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении, и остави неизбришлив белег на балканската музичка сцена.
Меѓу неговите најпознати хитови се “Mилјацака”, „Ja без тебе не могу да живим“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Романија“ и други.
Беше познат не само по својот глас, туку и по скромноста, топлината кон обожавателите, хуманоста и одговорноста како уметник.
Веста за неговата смрт предизвика тага низ целиот регион. Граѓани, јавни личности, колеги се простуваат од фолк легендата на социјалните мрежи кои се преполни од коментари.
Халид Бешлиќ замина од овој свет, но остави музика која ќе живее долго по него – песни кои ги обединуваат луѓето, носат емоција, надеж, поддршка. Неговата кариера беше пример дека народната музика може да ја пренесе културата, болката, радоста, љубовта – и дека е мост што ги поврзува различните генерации.
OhridNews
Фото: Принтскрин/Јутуб