Легендарниот репрезентативец на Југославија и на сараевски Железничар  Јосип Каталински (64 г.) почина денес во Сараево.


За Железничар Каталински одигра 550 мечеви и иако играше на позицијата центархалф постигна преку 100 голови.  Со Жељо ја освои титулата првак на Југославија во 1972 година. Играше и за Ница во француското првенство.

Во дресот на репрезентацијата на Југославија остана запаметен по голот кој што го постигна на мајсторката во Франкфурт во 1973 година кога Југославија ја елиминира Шпанија и се пласира на Мундијалот во Германија 1974 година.

“извор Макфакс“
Ohridnews