Британскиот бенд од областа на алтернативната рок-музика „Депеш мод“ објавија дека нивниот клавијатурист Енди Флечер почина на 60 години.

Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди ‘Флеч’ Флечер, се вели во соопштението.

Засега не е позната причината за смртта на рок-музичарот.

Флеч имаше златно срце и секогаш беше тука кога ви треба поддршка, разговор, смеа или – ладна кригла. Нашите срца се со неговото семејство и ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки времиња, додаваат тие.

Флечер беше еден од основачите на групата, а во 2020 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

OhridNews