Доајенот на Хрватската телевизија и творец на легендарната „Квискотека“, Лазо Голужа, почина на 85-годишна возраст.

Ова за 24сата.хр го потврди неговиот син Доминик Голужа.

Легендарниот новинар и уредник дипломирал компаративна литература и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Паја Канжчај го основал списанието „Парадокс“.

Најголем придонес даде во областа на квизовите, а неговиот најпознат проект беше „Квискотека“, која првпат се емитуваше во 1979 година, а водител беше Оливер Млакар. Голужа успешно ја уредуваше „Квискотека“ 15 години.

OhridNews