Познатата француска актерка и долгогодишен активист за правата на животните, Брижит Бардо, почина денеска на 91-годишна возраст.
Според блиски извори, Бардо починала мирно, во својот дом на југот на Франција. Веста предизвика бројни реакции во светската јавност. Таа со децении важеше за икона – прво на филмот, а потоа и на борбата за заштита на животните.
- Ако успеав барем едно животно да спасам од страдање – тоа е доволно да ја оправдам сета моја борба, често велеше таа.
Брижит Бардо се прослави во 1950-тите и 1960-тите години како една од најголемите ѕвезди на француската и светската кинематографија, а во 1970-тите целосно се повлече од актерството за да му се посвети на активизмот. Преку својата фондација, таа неуморно се залагаше за забрана на сурови практики кон животните и за подигнување на јавната свест.
Со нејзината смрт, светот губи симбол на слободен дух, бунтовност и непоколеблива борба за оние што немаат глас.
OhridNews
Фото: Википедија











