Легендарниот актер Омар Шариф, почина вчера, на 83 –годишна возраст од срцев удар, во болница во Каиро, јавија светските медиуми, пренесува „Макфакс“.

Шариф е познат по улогите во филмовите „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“ и други.

Роден е во Египет, а во долгогодишната кариера освои два Златни Глобуса и беше номиниран за Оскар за улогата во филмот „Лоренс од Арабија“.

Златните глобуси ги доби за улогите во „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“.

На почетокот од годинава неговиот агент Стив Кенис соопшти дека Шариф боедува од Алцхајмерова болест, а во петокот претрпел срцев удар во една болница во Каиро.

OhridNews
извор:„Макфакс“