Поранешниот селектор и еден од најтрофејните тренери во регионот, Душко Вујошевиќ, почина по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми.

Вујошевиќ остави длабока трага во европската кошарка, најмногу како тренер на Партизан, со кој освои бројни титули и создаде генерации врвни играчи. Во кариерата работеше и како селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора, а беше препознатлив по својата харизма, авторитет и специфичен тренерски стил.

Неговата смрт претставува голема загуба за кошаркарскиот спорт на Балканот и пошироко.

OhridNews
Фото: Принтскрин Јутуб