Кошаркарите на Охрид денеска од 18 часот во „Билјанини извори“ ќе ја бараат петтата победа сезонава. Поради инцидентот на мечот со Гостивар, средбата ќе се игра пред празни трибини.
ГКК Охрид денеска го пречекува Овче Поле во осмото коло од Првата македонска кошаркарска лига, група „Б“. Натпреварот во спортската сала „Билјанини извори“ почнува во 18 часот, без присуство на публика.
Од клубот соопштија дека поради инцидентот на претходната средба со Гостивар, следните четири натпревари ќе ги играат без публика. Покрај оваа санкција, на Охрид му е изречена и парична казна од 100.000 денари.
Охриѓани во денешната средба влегуваат со четири победи и два порази. Во првиот меѓусебен натпревар сезонава, во Свети Николе, го совладаа Овче Поле со 66:62.
Со истата борбеност, мотивација и желба за нова победа, порачаа од ГКК Охрид во клупската најава.
Охрид е трет на табелата со 10 бода, зад Гостивар и Вардар, кои имаат по 13. Денешниот противник Овче Поле е четврти со девет бода.
Г.М.












