Во 75-та година од животот по кратко боледување почина шпанскиот фудбалски стратег Луис Арагонес.  

Тој во 2008 година со освојување на титулата на Европското првенство во Австрија и Швајцарија ги постави темелите на шпанската фудбалска репрезентација која подоцна се закити со уште еден трофеј од Европските шампионати, а се искачи на светскиот пиедестал.

Арогонес во долгата тренерска кариера седеше на клупата Атлетико Мадрид, Барселона, Бетис, Еспањол, Севилја, Валенсија, Овиедо и Мајорка.

Ohridnews