Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола се соочи со голема загуба во семејството откако неговата мајка почина во 82-та година од животот. Долорс Сала Карио починала во болницата во Барселона откако била заразена со коронавирусот.

Информацијата ја потврди Манчестер Сити каде моментално е тренер Гвардиола.

Семејството на Манчестер сити објавува дека мајката на Пеп, Долорс Сала Карио почина во Манреса, Барселона откако беше заболена од корона вирусот. Сите во клубот му праќаат пораки на сочувство во овој тажен момент на Пеп, неговото семејство и нивните пријатели. – стои во објавата на клубот од Етихад.

Гвардиола пред неполни три недели донираше 1 милион евра како подршка з болницата и докторите кои се борат со смртоносниот вирус Ковид -19.

OhridNews