Милан Бандиќ, градоначалник на главниот град на Хрватска, Загреб, почина ноќеска од срцев удар, јавуваат хрватските медиуми.

Почина Милан Бандиќ – Градоначалник на Загреб

Со длабока тага ги известуваме сограѓанките и сограѓаните, соработниците, пријателите, загребската и хрватска јавност дека, ненадејно, денеска, 28 февруари, во 66-та година од животот од последици на срцев удар почина градоначалникот на Град Загреб г-дин Милан Бандиќ. –  соопшти градот, пренесува порталот “dnevnik.hr”.

Бандиќ живееше за својот град и за неговитре граѓани кои му беа на прво место во работата која со љубов ја извршуваше 21 година, се вели во соопштението на градот Загреб по повод смртта на Градоначалникот.

До локалните избори Загреб ќе го води Јелена Павичиќ Вукичевиќ, која ја извршуваше функцијата заменик градоначалник во мандатот на Бандиќ.

OhridNews