На 90 годишна возраст во Охрид почина Миле Трпеновски, големиот хуманист, долгогодишен секретар и доајен во Црвен крст Охрид, Црвен крст на Македонија и воопшто во хуманото движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Неговиот хуман лик и активност остава силен мотивирачки белег кај многу генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст. Неговиот хуман однос во заедницата е пример за сите популации и поттик за градење на позитивни односи. Високиот морален и хуман чин го изразуваше кон своето семејство со постојана родителска грижа, велат од Црвен крст Охрид.

Посочуваат дека Трпеновски, создаде и остави документирани пишани трагови за хуманоста, особено во делото „Впечатоци за хуманоста“.

Погребот и поменот за Миле Трпеновски ќе се изврши на гробиштата во Охрид,  денес во 12,00 часот.

OhridNews