Нови потресувачки и тажни вести доаѓаат од Шпанија. Екипата на Атлетико Мадрид ја информираше јавноста дека починал млад фудбалер кој бил дел од клупската академија. Се работи за 14-годишниот Кристијан Минчола. Причините за смртта не се наведени во соопштението од шпанскиот клуб.

Шокирани сме од тажната вест за смртта на нашиот играч. Атлетико Мадрид како клуб и ние како вработени, цело време ќе бидеме до семејството, кое, се соочи со голема загуба. – изјавил претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Черезо.

Знамињата на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе бидат спуштени на пола копје.

OhridNews