Петнаесетгодишното момче од Скопје кое тешко беше повредено од струен удар додека сакало да се фотографира на воз, починало вчера во Ургентниот центар во Скопје, соопшти МВР. Несреќното момче во инцидентот се здобило со тешки телесни повреди-изгореници од втор степен, од што подоцна починало.

Телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција, соопшти МВР.

OhridNews
фото: илустрација