Познатиот музичар Ацо Богдановски- Конга, поранешен член на групата ,,Нокаут’’, почина денеска по долга битка со тешката болест, јавија националните портали.

За здравствените проблеми на овој музичар јавноста дозна пред околу три месеци, кога беше организирана хуманитарна акција од неговите колеги.

Ацо Конга е роден во 1960 година.

OhridNews