Зоран Маџиров, светски познатиот виртуоз кој правеше музика од шишиња, почина денеска на 49-годишна возраст.

Маџиров беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи на 7-ми октомври на регионалниот пат Струмица – Штип. Тој во тешка здравствена состојба беше пренесен на скопските клиники каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Маџиров со семејството живееше во Загреб, Хрватска.

OhridNews