На 111 годишна возраст, минатата недела во Индијана, САД, почина најстарата Македонка Каравилка Петровиќ.

Според информациите, Каравилка е родена на 15-ти јуни 1902 година во битолското село Ротино. Таа заедно со својот маж и децата, уше во 1936-та година се преселила во Соединетите американски држави.

Била една од најактивните членови на македонската заедница и една од основачите на македонската црква во Индијана, „Св. Петар“.

OhridNews