Во малото канадск градче Сатон Вест, почина најверојатно најстариот Македонец во светот, Методија (Тед) Петков, , информираат од Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто.

Тој на 31-ви Јануари оваа година го прослави 108-иот роденден, а од родното село Цапари, Битолско, во Торонто се доселил во 1930 година.


– Петков како пасиониран колекционер на спортски автомобили, речиси до последните денови од животот го возеше својот најнов Форд Мустанг и секојдневно активно играше голф со пријателите. Пред неколку месеци на јубилејната прослава по повод државниот празник 8-ми Септември, на покана од Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, токму дедо Методија ја имаше честа да го подигне македонското знаме во ,, Queens park,, пред Парламентот на Онтарио во Торонто, се вели во соопштението испратено од Канада.

Дедо Методија живеејќи ја единаесетата деценија од својот живот, пленеше со својата харизматичност и виталност и беше мошне популарен помеѓу македонската заедница во Канада.

OhridNews
извор: Курир