По подолго боледување, вчера, почина нашиот колега, новинарот Тодор Пендаров. Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Почина новинарот Тодор Пендаров

Пендаров имаше завршено студии по политикологија на Универзитетот во Љубљана, а потоа работеше како новинар и уредник во Радио Скопје. Во својата долгогодишна кариера како новинар беше дописник и од Словенија, а потоа и советник за односи со јавност во македонскиот парламент.

Тодор Пендаров беше одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет пријател и критичар.

OhridNews