Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш почина синоќа на 95 годишна возраст, соопшти портпаролот на семејството Буш, Џим Мекграт, јавува “Макфакс”.

Буш беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.

Во април годинава, тој беше хоспитализиран поради инфекција, една седмица по смртта на сопругата Барбара. Претходно во два мандати беше потпретседател за време на Роналд Реган, а работеше и како шеф на ЦИА.

Буш пред да започне да се занимава со политика, во 1964 година беше авијатичар во Втората светска војна и нафтен тајкун. Тој е татко на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, кој беше на чело на земјата два мандати од 2001-та година.

OhridNews

Извор: “Макфакс”