Првиот пациент во светот на кој му беше трансплантиран модифициран свински бубрег почина два месеци по операцијата. Во март, хирурзите од општата болница во Масачусетс трансплантираа генетски модифициран бубрег од свиња на Рик Слејман, 62-годишен пациент со краен стадиум на бубрежна болест.
Операцијата е пресвртница во ксенотрансплантацијата – трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг – како потенцијално решение за светскиот недостиг на органи, соопшти тогаш болницата. Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопшти болницата во саботата.
Семејството на Слејман му оддаде почит на медицинскиот тим кој се грижеше за него.
-Нивните исклучителни напори во управувањето со ксенотрансплантацијата ни дадоа уште седум недели со Рик и спомените за тоа време ќе останат во нашите срца, велат тие.
Свинскиот бубрег беше генетски модифициран за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат одредени човечки за да се подобри компатибилноста со луѓето. Научниците, исто така, деактивираа свински ендогени ретровируси кај свињата донатор за да го елиминираат ризикот од човечка инфекција.
Болницата соопшти дека немаат индикации дека ова е резултат на неодамнешна трансплантација.
OhridNews
Фото: Илустрација/Freepik