На 70 годишна возраст вчера почина Пецо Ристески. Ристески беше претседател на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.

Како претседател на СИЕР се залагаше за решавање на статусот на вработените во ЕМО, се залагаше за бенифициран стаж на рударите, за зголемување на минималната плата во државава, за правата на работниците во однос на времетрањето на договорите за определено време, опремнина при отпуштање на работниците.

Во 2019 година Ристески поднесе оставка од функцијата претседател и го оствари право на старосна пензија.

OhridNews