Во 77-та година од животот, вчера, почина истакнатиот  македонски писател и академик Ташко Георгиевски.

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во село Кронцелево, Воденско,
Егејска Македонија. Долги години работеше како уредник во Македонската
телевизија, и како уредник во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска
книга“. Беше член на ДПМ од 1957 година, член на Македонскиот ПЕН центар и член на Македонската академија на науките и уметностите. Зад себе остави богат и значаен прозен опус. Автор е
на романите: „Луѓе и волци“, „Ѕидови“, „Црно семе“, „Змиски ветар“,
„Црвениот коњ“, „Време на молчење“, „Рамна земја“, „Исчезнување“, како и
на збирките раскази: „Ние зад насипот“, „Суви ветрови“, „Куќа под
калето“ и други. Автор е и на автобиографските записи „Плочата на животот“ и „Творечката
лабораторија на писателот“. Романите „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ се
филмувани и како такви имаа голем успех. Неговите дела се преведени на
повеќе јазици во светот.

Тој е добитник на бројни награди и признанија: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Дијалог“ и други

Посмртните останки на Георгиевски ќе бидат погребани денеска на гробиштата во Драчево.

OhridNews