Почина актерот Илко Стефановски, информираат од Народниот театар — Битола, јавува „Макфакс.

Роден е во Битола во 1952 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1976 година, во класата на проф. Илија Џувалековски.

Стефановски зад себе ги остави улогите во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “,„ Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други.

Свои напстапи има забележано во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програмии.

Во 2003 г. Илко Стефановски беше Селектор на Драмската програма на најреномнираната летна уметничка манифестација во Македонија –„Охридско лето“.

Добитник е и на престижната Републичка награда „11 октомври“.

По повод смртта на актерот Илко Стефановски, НУ Народен театар-Битола денес ќе одржи комеморација. Погребот ќе биде извршен напладне на гробиштата „св.Недела“ во Битола.

OhridNews
извор: „Макфакс“