По кратко и тешко боледување во 69-та година од животот денеска почина Д-р Никола Наумов, поранешен градоначалник на Охрид.

Д-р Никола Наумов ја извршуваше функцијата градоначалник на општина Охрид во периодот од 2000 до 2005 година. Во својот професионален ангажман беше раководител на хируршкото одделение при општата болница во Охрид и беше еден од основоположниците на хирургијата во Охрид.

Посмртните останки на Д-р Никола Наумов ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид, во недела 24.04.2011 година од 13 до 14 часот.