Поранешниот капитен на фудбалската селекција на Бразил, Сократес, починал во неделата во болница.

Како што јавува Reuters, 57-годишниот Сократес бил хоспитализиран во една од клиниките во Сао Паоло, во тешка состојба предизвикана од цревна инфекција.

Сократес годинава двапати беше хоспитализиран, во август и во септември. И во двата случаи, како причината за прием во болница на славниот фудбалер беше крварење во органите за варење.

Харизматичниот Сократес, по професија доктор, долго важеше за „најдобриот фудбалер меѓу докторите и најдобар доктор меѓу фудбалерите“. Покрај ангажманот во фудбалот и медицината, Сократес беше активен преку колумни за политика и економија во општествениот живот на Бразил.

Бразилските медиуми, повикувајќи се на медицински извори, пишуваат дека цревната инфекција предизвикана септичен шок, од што Сократ починал.

Сократес ја носеше капитенската лента на фудбалската репрезентација на Бразил на светските првенства во 1982 и 1986 година. Во 1999 година Сократес го зазема 63-то место на најголемите фудбалери во 20-от век во гласањето на читателите на весникот World Soccer.

OhridNews
извор: „Макфакс“