Во 61-та година од животот, денеска, ненадејно почина познатиот адвокат од Охрид Раде Илиевски.
Илиевски беше почитуван колега во адвокатската заедница, а беше и кандидат за градоначалник на Охрид на изборите во 2005 година. Тој беше сопруг и татко на три деца.
Посмрните останки на адвокатот Раде Илиевски, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид, во петок од 13 – 14 часот, по што тој ќе биде погребан.
OhridNews