Во 93- та година од животот, денес, почина еден од најпознатите кујунџии,  изработувачи на филигран, Вангел Деребан.

Вангел Деребан е роден во Струга во 1920 година. Филигрански чирак бил уште од најрано детство. Тој е шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан. Сребрената пеперутка позната по тв спотот „Купувајте македонски производи“ која се чува во националниот Музеј на Македонија ја има изработено неговиот татко Александар.

Посмртните останки на Деребан ќе бидат изложени утре, од 14 до 15 часот во капелата на градските гробишта во Охрид.