Во 75 година од животот, вчера во Охрид почина Маринела Јовановиќ, познат општественик, публицист и културен работник.
Таа работниот век таа го мина во образование, и во градската библиотека во Охрид, а смртта ја затекна како претсдател на Собарнието на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца.
По повод смртта на Маринела Јовановиќ, здружението на пензионери, денеска, одржа комеморативна седница. За ликот и делото на професорката Јовановиќ зборуваше претседателот на Извршниот одбор на здружението Ѓорѓи Трпчески. Телеграма со изрази на сочувство до семејството и до здружението на пензионери во Охрид и Дебарца упати Сојузот на здруженијата на пензионери на РМ.
Посмртните останки на Маринела Јовановиќ утре, 15-ти август, ќе бидат изложени во градската капела во Охрид од 13 до 14 часот.
OhridNews