Во 82 година од животот, вчера во Белград, Србија, од мозочен удар почина македонскиот пеач Ѓорѓи Желчески. Заедно со сопругата Кевсер Селимова, тој ги испеа познатите рефрени како „Бело лице љубам јас“, „Врати ми се љуби ме“, Брала мома капини“ и многу други.

Желчески-Селимова 50 години живееја во Белград, а пред седум години со концерт во Скопје одбележаа половина век на сцената. Беа вистински амбасадори на македонската музика.

OhridNews