На ден 1.07.2017г. ненадејно почина Прим.д-р Љубинко Трпеноски.
Љубино Трпеноски е роден 1952год. во Октиси, Струшко. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981г. , во 1989 година специјализирал Интерна Медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.Бил на неколку стручни усовршувања во Љубљана-Словенија , Нирнберг, Улм и Штеглиц – Германија. Својот животен век го посветил на нефролошката дејност и пациентите на дијализа во Р.Македонија како лекари раководител на центрите за дијализа во Заводот за нефрологија во Струга и Воената Болница во Скопје. Работел и како интернист во други здравствени установи. Член е на повеќе стручни здруженија на лекари и еден од основачите на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во 2003 година. Во Здружението Нефрон е член и претседател на Извршниот одбор и претседател на Собранието.
Како голем борец за правата на пациентите и на лекарите истовремено јавноста ќе го памети по неговите залагања за развој и унапредување на дијализното лекување и трансплантацијата на бубрези во Р.Македонија, особени за развој на кадаверичната трансплантација.
Погребот ќе се изврши на ден 3.7.2017г. на Градските гробишта во Струга од 13ч., а посмртните останки ќе бидат изложени во капела од 11 до 13ч.
OhridNews