Почина професорката по математика и информатика Виолета Величковска кој својот работен век го посвети на образованието и воспитанието на бројни генерации ученици во ООУ „Братство Единство“- Охрид.

Нејзиниот придонес кон училиштето, професионалноста, топлината и посветеноста кон децата ќе останат трајно забележани во спомените на колегите, учениците и целата локална заедница. Комеморативна седница ќе се одржи утре, 21 август, со почеток во 11 часот, во просториите на училиштето во централната зграда, велат од училиштето.

Погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Охрид. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 12 до 12:30 часот.

OhridNews