Од министерството за внатрешни работи информираат за уште еден трагичен настан во кој згасна млад живот.

Според информациите на министерството, вчера, во 10.20 часот вострушката Полициска станица  било пријавено дека истиот ден во 09.30 часот во Струга, во семејниот дом од страна на таткото била пронајдена без знаци за живот, неговата седуммесечна ќерка. Таткото се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Општата болница во Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт. Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.

OhridNews