Легендарниот италијански фудбалер и моментален тренер на Наполи, Џенаро Гатузо се соочи со голема семејна трагедија откако почина неговата сестра, Франческа.

37-годишната Франческа починала вчера во болница каде престојувала од февруари месец. Сестрата на Гатузо боледувала од ретка болест која италијанските медиуми не ја соопштија.

Гатузо ужасните информации ги добил на тренинг и веднаш заминал во Варезе каде се лекувала Франческа. Таа во минатото работеле како секретарка во Милан.

Сочуство на Гатузо за големата загуба му испрати цела фудбалска Италија.

OhridNews