Шехот на Пир Мехмет Хајати теќето во Охрид, Осман Ефенди Дехар, почина ненадејно синоќа во 61та година од животот. Тој денеска беше погребан на градските гробишта во Охрид со верски обичаи.


Шехот Осман Ефенди Дехар

Осман Ефенди Дехар беше шех на Пир Мехмет Хајати теќето во Охрид повеќе од една деценија.

Пир Мехмет Хајати теќето во Охрид е голем духовен центар на Турците, односно на муслиманите во Македонија и надвор од неа, за што сведочи и посетата на овој храм на премиерот и претседателот на Република Турција.

OhridNews