Почина Силвија Мојсовска поранешна директорка во ООУ „Григор Прличев“. Мојсовска повеќе од 20-тина години од својот работен век ги помина како наставник по македонски јазик во училиштето „Григор Прличев“ посветувајќи се пред се’ на втемелување љубов на децата кон својот мајчин јазик, но и доследен поддржувач на модерните теркови на настава и воспитно – образовниот процес.
Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела кои често ги китеа нашите претстави и програми, дела кои остануваат да сведочат за нејзината оргиналност. Наставниците сведочат за нејзината љубезност, срдечност и трпеливост секогаш да ислуша, но и за нејзината духовитост која беше мотив и ветер во грб на сите. Нашата Силва вечно ќе ја паметиме по нејзината ведрина и колегијалност. Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејството, велат од училиштето.
OhridNews