Во 65 година од животот, вчера во Охрид почина Симон Костовски.

Костовски на пошироката јавност и беше познат како музички изведувач на локалната естрада. Кариерата ја започна  во седумдесетите години, настапуваше во дуо, групи, а потоа имаше и соло кариера. Има остварено бројни настапи на разни фестивали низ земјата.

Симон Костовски ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Охрид.

OhridNews