Според најновите информации од СВР- Охрид, сопатничката, охриѓанка на возраст од 55 години, која се наоѓала во патничкото возило кое утринава се судри со автобус, од Ресен, им подлегнала на здобиените повреди од сообраќајката. Таа со возачот на Аудито, по несреќата веднаш беа пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”, но лекарите и покрај напорите не успеале да го спасат нејзиниот живот.


Сообраќајната незгода се случи на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај Подмоље околу 8 часот утрово.


На местото на несреќата во тек е увид за утврдување на причините поради кои се случила.

OhridNews