Згасна животот на српската фудбалска легенда Радомир Антиќ. 72-годишниот Антиќ починал во Шпанија: Причините за смрта не се објавени.

Атлетико Мадрид каде Антиќ ги постигна најголемите успеси како тренер ја потврди тажната информација која го зави фудбалот во црно во Шпанија и Србија.

Семејството наречено Атлетико Мадрид жали за смртта на нашиот легендарен „Мистер“. Засекогаш ќе бидеш во нашите срце. Почивај во мир! – стои во соопштениетo од Атлетико Мадрид.

Антиќ е единствен тренер во фудбалската историја кој бил на чело на мадридските Реал и Атлетико и Барселона.

OhridNews