Познтата пејачка и доајен на македонската народна музика Вања Лазарова, почина денеска во 86-та година од животот.
Вања Лазарова, позната по извонредниот глас, има испеано и препеано стотина изворни македонски песни во најголем дел во продукција на Македонската радио телевизија. Меќу најпознатите песни кои ги има изведувано се „Со маки сум се родила“, „Што да правам, што да чинам“ и многу други.
Вања Лазарова има снимено плочи и за светски познатите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“. Настапувала на голем број концерти дома и во странство, а пеела и во познатата Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.
Вања Лазарова е родена на 27 април 1930 во селото Страцин, Кратовско.
OhridNews